Шпанскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Санти Казорла, можеби ќе мора да ја пропушти целата сезона, откако неговата рехабилитација по операцијата на скочниот зглоб не се одвива според првичните очекувања. Тој се уште е далеку од враќање на фудбалските терени, а менаџерот Арсен Венгер откри дека се уште не е способен ниту за праволиниско трчање.
„Санти е многу далеку од евентуално враќање. Тој се уште не може ниту да трча. Можно е дури и да ја пропушти целата сезона, иако сите се надеваме на многу подобар развој на настаните за него“, изјави Арсен Венгер.
Санти Казорла се повреди во октомври минатата сезона, имаше една операција, а потоа мораше да замине и на втор хирушки зафат за санирање на повредата на скочниот зглоб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА