Шпанскиот фудбалер за врска, Санти Казорла, би можел на крајот од сезоната да се врати во својот поранешен клуб Вилјареал.
Казорла конечно се опорави по 18 месеци пауза и дури 11 операции по повредата на тетивата. Пред два дена се врати на тренинзите на Арсенал, но Арсен Венгер истакна дека нема да биде подготвен за враќање на теренот до крајот на сезоната.
На 33-годишниот Казорла договорот со Арсенал му завршува ова лето, а веќе сега се активни понудите за негов ангажман и покрај долгото отсуство од терените. Прва понуда е за враќање во Виљареал, клубот во кој ја почна кариерата и кој го напушти во 2011 година кога премина во Малага.
Како што пренесува „Ас“, челниците на Вилјареал очекуваат следните два месеци да видат дали Казорла ќе се врати во соодветна форма на теренот, по што би настапиле и со конкретен договор за соработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА