Последното засилување на ракометниот клуб Металург, грузискиот интернационалец Иракли Кбилашвили за клупскиот сајт вели дека иако имал многу понуди, тој се одлучил за тимот до Автокоманда бидејќи најдобри работи со млади ракометари.
„Среќен сум што доаѓам во Металург и во земја во која ракометот е спорт број 1. Имав повеќе понуди за ангажман, но го одбрав Металург бидејќи важи за ракометен расадник во кој најмногу просперираат младите ракометари. Се надевам дека со мојата игра и ангажман ќе придонесам за остварување на клупските амбиции“, вели Кбилашвили.
Металург годинава по неколку сезони нема да биде дел од Лигата на шампионите, туку Македонија ќе ја претставува во второто по ранг европско натпреварување ЕХФ купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА