КБК Шампион е најдобриот клуб на Државното првенство во кикбокс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

КБК Шампион од Скопје е најуспешниот клуб на Државното кик бокс првенство кое се одржа изминатиов викенд во Скопје.

Кикбоксерите на Шампион освоија вкупно 29 медали, од кои 21 златни, 4 сребрени и 4 бронзени, што ги издвои на врвот од пиедесталот меѓу најдобрите домашни кикбокс клубови.

Втор, според бројот на освоени одликувања, заврши Гладијатор од Скопје со 22 медали, од кои 12 златни, 4 сребрени и 6 бронзени, атрет е КБК Тим Зоран со 23 медали, но 11 златни, 7 сребрени и пет бронзени.

Понатаму, во ТОП 10 според бројот на медали следат, КБК Будо од Кавдарци со 22 медали, пред Максам тим со 12 одликувања од кои 7 златни, КБК Предатор со 19 медали од кои пет златни, па КБК Лидер 14 медали од кои пет златни, и КБК Дино со пет златни одликувања.

На Државното првенство настапија вкупно 417 кикбосери од 27 клуба во дисциплините поинт фајт, кик лајт, К1 и Лоу кик.

 

Се вчитува...