Изминатиов викенд во малата спортска сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Кик боксинг федерацијата на Македонија се одржа 3. Државно кик боксинг првенство за 2018 година за сите категории и сите возрасти. На првенството учествуваа 77 натпреварувачи од вкупно 17 кик боксинг клубови од целата држава. Натпреварувањата се одвиваа на еден ринг и две татами борилишта.
За најуспешен кик боксинг клуб на првенството е прогласен КБК Шампион од Скопје со освоени вкупно 13 медали.
Натпреварувањето се одвиваше во одлична спортска атмосфера и добра организација од страна на КБФМ. Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг.
ТАБЕЛА НА ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
1 КБК Шампион – Скопје 13 11 2 0 13
2 КБК Прокик фемили – Скопје 10 10 1 2 13
3 КБК Енерџи – Битола 9 3 6 1 10
4 КБК Предатор – Куманово 7 3 0 4 7
5 КБК Лидер – Виница 7 2 4 1 7
6 КБК Патриот – Крива Паланка 7 1 5 1 7
7 КБК Гладијатор – Скопје 4 4 0 0 4
8 КБК Наско тим – Скопје 4 2 2 0 4
9 КБК Гладијатор – Неготино 3 2 1 1 4
10 КБК Фајт тим – Скопје 3 1 1 0 2
11 КБК Куманово 2006 – Куманово 3 0 2 1 3
12 КБК Гладијатор – Штип 2 2 0 0 2
13 КБК Самурај – Битола 1 1 0 0 1
14 КБК Работнички Адора – Скопје 1 1 0 0 1
15 КБК Горила – Скопје 1 1 0 0 1
16 КБК Тигар – Делчево 1 0 0 1 1
17 КБК Комбат-Радовиш 1 0 0 1 1
ВКУПНО: 77 44 24 13 81
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА