„Ќе бидам лажго ако кажам дека не заминав во Катар поради пари“

Еден од најголемите германски таленти кој не го покажа целиот потенцијал Јулијан Дракслер, ова лето му кажа „збогум“ на сериозниот фудбал и се пресели во Ал Ахли од Катар. Сигурно дека со ова си ја затвори вратата во репрезентацијата.

Меѓутоа Дракслер е еден од малкумината кои јавно признаа дека заминуваат на блискиот исток поради пари. Некогашниот фудбалер на Шалке, кој стана најскапото засилување за Волфсбург, а потоа замина во ПСЖ па во Бенфика, а сега целосно ја замени Европа со Катар.

Катар не звучи толку добро како во Саудиска Арабија, каде заминаа неколку одлични имиња, меѓутоа Дракслер кажа дека парите се главен фактор да замине во оваа земја.

„Можам сега да го кренам носот и да кажам: После 12 години во Европа сакав да запознаат нова култура, да стекнам ново искуство, да учествувам во интересен проект на арпаскиот фудбал, и да го игнорирам прашањето околу парите. Сите овие аспекти се точни, но ќе бидам лажго ако кажам дека дека финансискиот дел не одигра клучна улога“, рече Дракслер за „Билд“.

„На крајот заклучив дека понудените финансиски услови даваат повеќе опции. За мене и моето семејство за работи кои се надвор од фудбалот. Но, можам да кажам дека фудбалот тука наскоро ќе може да му парира на европскиот“, изјави поранешниот германски репрезентативец.

Се вчитува...