Одбојкарската федерација на Македонија и клубовите од двете најсилни конкуренции би можеле да се усогласат за продолжение на првнествата. Следната недела ќе има конечна одлука откако ОФМ ќе направи последни консултации со клубовите. Првичниот предлог за продолжување на сезоната кој Федерацијата го достави до клубовите доби поддршка од монозинството екипи.
Нацрт – планот за тоа кога и како би продолжила сеозната беше испратен до сите клубови и речиси сите со исклучок на двата тима на Вардар дале „зелено светло“. Екипите на Вардар и во машка и во женска конкуренција кои се водечки на табелите се за прекин на сезоната и за доделување шампионски пехари според моменталниот пласман.
„Информациите се дека некаде од 25. мај ќе може да се почне со тренинзи во сала. Во меѓувреме, од понеделник клубовите можат во помали групи да имаат и тренинзи на отоврено. Следната недела ќе направиме видео-конференција со клубовите и ќе ја прецизираме ситуацијата. Ние како федерација во принцип сме подготвени. Сметаме дека е доборо да се игра сеозната. Особено што голем дел од репрезентативците ни се во домашното првенство. Потребно ни е да бидат во форма, а и да го одржиме поволниот имиџ во јавноста што се создаде благодарение на успехот на националниот тим“ – вели за ЕКИПА, генералниот секретар на одбојкарската федерација, Зоран Карановиќ.
Во домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција веќе е почната втората фаза. Комплетирани се осумте кола од прелиминарниот сегмент, а во вториот дел се одиграни четири кола. Вардар е водечки на табелата со 33 бода, три повеќе од Џио Струмица. Во женска конкуренција, одиграни се 15 кола, исто така е веќе втора фаза, а Вардар со 41 бода, три повеќе од Работнички ја предводи табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА