Ќе биде ли „среќна 13-ка“ за Вардар во Келн?

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Големото финале во „Ланксес арена“ меѓу ПСЖ и Вардар е шанса за неколку нови рекорди во историјата на елитното европско натпреварување.

Како најава за финалната пресметка, ЕХФ обелодени неколку интересни факти пред дуелот меѓу Вардар и ПСЖ.

  • И двата тима победија во полуфиналињата со по еден гол разлика, воедно и ПСЖ и Вардар ќе го играат првото финале во клупската историја.
  • Победникот на ова финале ќе биде 13. европски првак во историјата на Лигата на шампионите, шести различен во последните шест сезони.
  • Тјери Омејер атакува на петтата титула европски шампион откако во 2003 година беше првак со Монпелје, а потоа во 2007, 2010 и во 2012 година ја освои истата титула и со Кил.7
  • Никола Карабатиќ може да стане првиот ракометар кој триумфирал во ЛШ со четири различни клубови (Монпелје 2003, Кил 2007, Барселона 2015).
  • Иван Чупиќ може да стане првиот ракометар по 2009 година кој успеал да ја одбрани титулата европски првак, откако лани се искачи на врвот на Европа со тимот на Кјелце.
  • Стратегот на ПСЖ, Нока Сердарушиќ, во случај на триумф ќе стане трет тренер што триумфирал во ЛШ со два различни тима, по Алфред Гисласон и Талант Душебајев.
  • Доколку Вардар победи, Македонија ќе стане шестата земја со свој тим европски шампион, по Шпанија, Германија, Франција, Словенија и Полска.

Се вчитува...