Македонија ја чека повеќе од тешка задача и во сабота во првиот натпревар од „Президент купот“ кој од 13 часот го играме против Русија во Келн, ако се суди според начинот на кој Русите го играат Светското првенство 2019.
Во последното коло од Групата А, Русија несреќно загуби од Франција со 23-22. „Петлите“ до триумфот дојдоа во самиот финиш со пресврт, откако претходно Русите имаа и три гола предност во текот на второто полувреме. Но, не успеаја да ја зачуваат.
На крајот, Русија заврши на 4. место во Групата А со 4 освоени бода, една победа против Кореја, две ремија со Германија и Србија и два порази од Франција и од Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА