„Ќе биде успех за Хамбургер ако прими помалку од пет гола во Минхен“

Поранешниот играч на Хамбургер, Рафаел ван дер Варт, очекува сигурна победа на Баерн Минхен во дуелот со неговиот екс тим кој се игра на теренот на „Баварците“.

Холанѓанецот рече дека се што е под пет примени гола за Хамбургер, е задоволително за гостинот од оваа средба.

„Хамбургер има многу тежок меч. Според мене, се што е под пет голови во нивниот гол ќе биде успех“, рече Ван дер Варт.

„Првиот меч беше добар за нив. Сепак, Хамбургер играше во Втората лига до неодамна. Секој натпревар е различен од минатиот, но за сите е тешко против Баерн. Дефинитивно немаат шанси“, додаде тој.

Хамбургер првпат по седум години се врати во германскта „елита“, и ја започна сезоната со реми без голови против Борусија Менхенгладбах, а потоа следуваше пораз од Сент Паули со 2-0 во градското дерби, а во исто време Баерн Минхен со 6-0 славеше над Лајпциг.

Се вчитува...