Бернардо Силва е фудбалер што со години е поврзуван со трансфер во Барселона, но португалскиот ас уште од 2017 ги брани боите на Манчестер Сити, клуб со кој освои буквално се што можеше да биде освоено.
Самиот Португалец исто така во неколку ситуации има изјавено дека Барса е неговиот „клуб од соништата“, а летово конечно би можеле да се поклопат коцките за Силва да се пресели на „Камп Ноу“ како големо засилување на каталонскиот гигант. Имено, 29-годишниот Португалец минатото лето потпиша нов договор со Сити со важност до 2026 година, но во него има клаузула што ќе важи од летово и ќе се однесува само на Барселона – Бернардо ќе може да се пресели во овој клуб за отштета од 50 милиони фунти.
Свесен за финансиските проблеми на Барса минатото лето фудбалерот решил со ваква клаузула да им даде шанса на каталонците за нов обид во 2024 година. На потег е Лапорта, а извори блиски до управата на Барселона тврдат дека каталонците се подготвени да платат богатство за Силва. Со него би добиле врвен фудбалер, но и адут со кој Лапорта би можел да го убеди тренерот Чави да остане уште една година, ако се знае дека младиот стратег од самото доаѓање на чело на Барса го бараше Бернардо Силва како свое идеално засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА