И во 39. година од животот, Златан Ибрахимовиќ докажа дека е врвна класа која може да направи разлика. Швеѓанецот е еден од клучните играчи на Милан, пред повредата постигна десет погодоци и го смести „росонерите“ на првата позиција во Серија А.
Добрата полусезона повторно ги отвори вратите за напаѓачот да го облече дресот на шведската репрезентација на престојното европско првенство кое треба да се одржи ова лето. Како потсетување, Ибрахимовиќ последен пат за својата држава настапи во 2016 година, кога поради расправа со селекторот одлучи да ги „закачи копачките“.
„Се сретнавме и разговаравме. Расправата е зад нас и тој негираше обвинувањата дека ме нарече расист. Доколку Златан сака да заигра повторно за националниот тим, мораме да реагираме и да разговараме со него“ – изјави селекторот на Шведска, Џејн Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА