МЗТ Скопје денеска со почеток од 18 часот и 30 минути во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе ја има првата „меч топка“ за продолжување на доминацијата во мак-баскетот. Аеродромци одиграа маестрален трет натпревар во кој во го лимитираа Пелистер речиси во секој сегмент од играта и сосема заслужено се најдоа на победа од деветата шампионска титула.
Сепак финалната серија докажа дека за да се задржи фаворитскиот статус треба максимална посветеност на паркетот и 40. минутна борба пред гостинските навивачи кои го даваат потребниот елан на својот клуб. Така беше и вториот натпревар од серијата кога Пелистер успеа да го добие трилерот за изедначување, а денеска не очекуваме ништо друго освен пеколна атмосфера во „зелено-белата“ сала.
Дали МЗТ Скопје ќе успее да одигра уште еден натпревар на врвно ниво и ќе освои нова титула на госински терен или пак Пелистер со дополнителна мотивација по дебаклот во Скопје ќе се избори за „мајсторка“ останува да видиме.
Во пресрет на денешниот натпревар погледнете ги најдобрите моменти од втората финална средба во СЦ „Јане Сандански“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

