Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон, нема да биде подготвен за настап ниту на Ел Класико, големото дерби против Барселона, кое ќе се одигра на 6 мај на „Камп Ноу“. Тој ги повреди лигаментите на левото рамо и ќе мора да паузира три седмици. Тоа знали дека нема да може да им помогне на соиграчите на реванш мечот против Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите, а ќе го пропушти и гостувањето против Барселона.
Сепак, лекарскиот тим е уверен дека Иско ќе биде потполно подготвен за финалето на Лигата на шампионите, се разбира, доколку „кралевите“ и без негова помош успеат да го елиминираат германскиот првак. По првиот меч во Минхен, Реал Мадрид има предност од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА