Ќе го запре ли некој Баерн Минхен? Осми триумф во Бундеслигата

Баерн Минхен ја продолжи победничката низа во Бундеслигата славејќи со 0-3 на гостувањето кај Борусија Монхенгладбах.

Задачата на „баварците“ ја олесни Кастроп кој заработи директен црвен картон во 19. минута од средбата, а и покрај предноста од фудбалер повеќе на гостите, домаќините успеаја да ја зачуваат мрежата недопрена се до 64. минута кога стрелаше Кимих.

Во 70. минута Герериро постигна гол за 0-2, а домаќините имаа шанса да се вратат во игра, но Стогер промаши пенал во 75. минута пред осмиот триумф во сезоната да го потврди Карл со гол во 81. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...