Време е за мега-дербито на македонскиот спорт. Денеска од 18 часот во фокусот на спортска Македонија е супер-пресметката во ракомет меѓу Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
„Пелистерци“ го пречекуваат Вардар во желбата за нов триумф и тоа во турбулентни моменти во тимоткој остана без тренерот Рубен Гарабаја. Во една таква ситуација, од таборот на македонскиот шампион силно посакуваат триумф како и бодовно на табелата би се доближиле до Вардар кој има четири бода повеќе од најголемиот конкурент за титулата.
Но, јасно е и дека „вардарци“, носени и од најверните „Комити“ кои ќе бидат присутни во Битола, еднакво посакуваат победа пред се за сериозно бодовно одлепување на табелата, но и за престиж против лутиот ривал. „Црвено-црните“ досега во 14 натпревари немаат и пораз во Суперлигата, што само носи дополнителен мотив за избраниците на Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

