Ќе „гори“ во Тирана: Над 200.000 Албанци аплицирале за билет за мечот со Србија

Огромно e интересирањето за претстојниот квалификациски дуел за СП 2026 во кој Албанија на 7 јуни во Тирана ќе ја пречека селекцијата на Србија.

Генералниот секретар на Фудбалската Федерација на Албанија, Илир Шулку, обелодени дека до „куќата на фудбалот“ се пристигнати над 200.000 барања за влезници, што е огромен проблем ако се знае дека капацитетот на стадионот е десет пати помал.

„Процесот на резервирање на билети почна на 15 мај. До претпоследниот ден имавме над 200.000 барања за влез, за стадион со 22.000 места за седење. Ваков интерес е нешто невидено досега. Секој навивач ќе мора да приложи лична карта за да може да го подигне билетот што ќе гласи на негово име. Само така ќе може да се влезе на стадионот“, изјави Шулку.

Се вчитува...