Ќе играме ли фудбал? Можеби да, а можеби и не…се чекаат протоколите на владата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Претставниците на клубовите од Првата лига дојдоа на состанок со првите луѓе на ФФМ, си го кажаа мислењето за продолжување на сезоната, но нема конкретен план ниту термин за рестарт. Се чека на протоколите од владата и Комисијата за заразни болести, кога ќе бидат дозволени групни тренинзи за фудалските тимови конечно да почнат со активна работа и тренинзи.

Остануваат и сите опции во игра. Да се доигра првенството, но не во целост, да се прогласи шампион и да има испаѓање од елитата, а Првата лига и понатаму да брои 10 тима. Но, тогаш ќе треба да се доиграат комплетно и натпреварувањата во Вторите лиги Исток и Запад. Можно е и проширување на ПМФЛ, секако ќе има нови состаноци откако владата ќе даде амин за официјален рестарт на фудбалот во Македонија.

ФФМ нема многу време на располагање, за седум дена ќе треба да даде одговор до УЕФА на каков начин планира да ја заокружи сезоната 2019/20. Европската куќа на фудбалот очекува заокружување на шампионатот со исполнување на неколку важни критериуми, рамноправност, резултати на спортска основа и објективност на натпреварувањето.

 

Се вчитува...