Фудбалерите на Македонија ЃП со вулгарни прозивки и скандирања со националистичка содржина беа пречекани од страна на навивачите на ЦСКА Софија на денешниот реванш-натпревар од 2. коло во УЕФА Конференциската лига кој се одигра на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија.
Со постојани извици во текот на натпреварот „Бугари, Бугари“, и очигледен говор на омраза, навивачите на ЦСКА ги пречекаа и испратија македонските фудбалери.
Сето тоа, како што дознаваме, е забележано и од делегатот на натпреварот, па останува да се види дали УЕФА ќе ја казни ЦСКА за навредливите скандирања на национална основа.
Минатата недела, пак, првиот натпревар меѓу двете екипи мина во крајно коректна атмосфера на стадионот „Петар Милошевски“ на комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ со присуство и на гостински навивачи од Софија кои беа пречекани на најкоректен начин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА