Ќе биде дозволено присуство на навивачи на УЕФА Суперкупот, потврдија од Европската куќа на фудбалот. Натпреварот во кој ќе се сретнат Баерн Минхен и Севилја ќе се игра на 24. септември во Будимпешта. Од УЕФА информираат дека ќе биде дозволено присуство на публика од 30 отсто од капацитетот на арената „Ференц Пушкаш“ која има 67,215 места.
За потсетување Баерн Минхен ја освои шестата европска титула откако во финалето од Лигата на шампионите го совлада Пари Сен Жермен со 1-0, додека Севилја во Лигата на Европа беше подобра од Интер со 3-2.
BREAKING: The 2020 UEFA Super Cup will be played on September 24th in Budapest.
Bayern will play Sevilla with a reduced number of fans allowed in the stadium.
??? pic.twitter.com/ZoPxPfmUCS
— Oddschanger (@Oddschanger) August 25, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА