Ќе има шоу на германските стадиони: Пиротехниката веќе не е забранета

Навивачите на Хамбург добија дозвола да користат пиротехнички средства на „контролиран начин“, на следниот натпревар на домашен терен. Во одлуката на Фудбалската федерација на Германија се наведува дека на одредени навивачи им дозволиле да фрлат 10 чадни бомби зад голот на натпреварот од Втората Бундес-лига против Карслруе во сабота. Тоа ќе биде првпат навивачите на еден клуб во Германија, легално на натпревар да имаат право да користат пиротехнички средства во било кој ранг од натпреварувањата, а од федерацијата наведоа дека тоа ќе биде дозволено под мониторинг на специјална компанија која ќе биде ангажирана, а лицата со себе ќе имаат противпожарни апарати и песок.

Фудбалските навивачи во Германија пиротехниката ја сметаат како дел од својата навивачка култура, а иако пиротехниката официјално е забранета ширум Европа, покажа дека тоа е невозможно за спроведување. Германскиот јавен сервис објави дека бундеслигашките клубови минатата сезона платиле преку милион евра парични казни поради употреба на факели, чадни бомби и огномети на навивачите.

Се вчитува...