Ќе има спектакл во Пекинг: Синер против Алкараз во финалето!

Италијанецот Јаник Синер ќе ја брани титулата освоена минатата година на АТП турнирот во Пекинг, откако обезбеди финале по триумфот над Кинезот Бу Јунчаокете со 6-3 и 7-6.

Синер во финалето ќе се бори против Карлос Алкараз кој претходно, во првото полуфинале, славеше со 2-0 во сетови против Данил Медведев.

Ова ќе биде десетта пресметка на двајцата тенисери. Алкараз е подобар во меѓусебните дуели со 5-4 во победи.

Се вчитува...