Лионел Меси по Светското првенство во 2026 година се очекува да замине во репрезентативна пензија што капитенската лента ќе остане слободна па по тој повод репрезентацијата на Аргентина ќе мора да го одбере наследникот на легендарниот фудбалер.
Според пишувањата на тамошните медиуми голема е шансата тоа да биде Енцо Фернандез, фудбалерот на Челси кој „царува“ на средината на теренот.
Фернандез е повремен капитен и на Челси, неговите лидерски способности не се оспоруваат, а ни самиот не ја крие желбата еден ден со капитенската лента да ги предводи своите сонародници на теренот.
„Нормално, сонувам за капитенска лента со Аргентина, но таа одлука не зависи од мене. Зависи од стручниот штаб. Мојот сон е да бидам капитен на Аргентина, но не знам кога може тоа да се случи. Времето ќе покаже. За мене тоа ќе претставува голема чест“, изјави Фернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

