Ракометарите на Нант вчера почнаа со подготовки за новата сезона, а стручниот штаб настојува во првите денови да ги опушти играчите, пред работата на физички план во периодот што следи.
Така, Кире Лазаров и неговите нови соиграчи денеска одржаа фудбалски тренинг, на кој гостин им беше клупската легенда на Нант, Рејналд Денуи. Македонскиот „бомбардер“ има можност во опуштена атмосфера да се запознае со новите тимски колеги пред заедничките предизвици што ќе им претстојат, како во француското првенство така и во Лигата на шампионите каде за еден од противниците ќе го имаат и македонскиот првак Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА