Ќе изврши ли Србинот мега-предавство: ПАО го „краде“ Милутинов од Олимпијакос

Никола Милутинов е главна вест во грчката спортска јавност откако беше објавено дека Панатинаикос тргнал во целосна офанзива за да го доведе центарот на лутиот ривал Олимпијакос во текот на летниот преоден рок.

Милутинов летово станува слободен играч и дефинитивно го напушта Олимпијакос, а Србинот веќе постигна начелен договор за преселба во Олимпија Милано. Сепак, ситуацијата значително се промени во изминатите 24 часа откако претседателот на ПАО, Јанакопулос, тргна да го „украде“ Србинот од лутиот ривал.

Понудата на првиот човек на „зелените“ е неверојатна, тригодишен договор вреден девет милиони евра, што е за 50% од она што Милутинов го има добиено како понуда од Милано.

На потег е српскиот центар, кој наскоро ќе треба да пресече дали ќе се спакува и ќе тргне кон Милано или ќе изврши мега-предавство со кое засекогаш ќе стане омразен лик меѓу приврзаниците на Олимпијакос.

Се вчитува...