Ќе „крца“ салата Боро Чурлески: Билетите за дербито распродадени за 17 минути!

Во сабота сите погледи ќе бидат насочени кон Битола и кон салата „Боро Чурлески“ каде се решава титулата во ракометното првенство на Македонија. Еурофарм Пелистер ќе го дочека Вардар, а атмосферата несомнено ќе биде пеколна.

РК Еурофарм Пелистер објави дека билетите за натпреварот се веќе распродадени и тоа за само 17 минути откако беа пуштени во продажба.

За потсетување дека поради најавениот бојкот, навивачката група „Чкембари“ објави дека ќе навива од пред салата на саботниот натпревар.

Натпреварот почнува во 19 часот, а се преземаат сите мерки за безбедно одигрување на дербито. На Еурофарм Пелистер му треба победа, додека нерешено или победа на Вардар, ги носи „црвено-црните“ до нова титула.

Се вчитува...