„Ќе ми беше многу полесно Ноле да не беше Србин“

Енди Мареј кратко време му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а сега во интервју за „Тајмс“ откри дека би му било многу полесно доколку не бил Србин, туку, Британец. Нема врска со јазичната бариера, туку со местото на живеење, па на Мареј му било комплицирано што не живееле во иста земја и морал постојано да патува.

Изгледа дека Британецот замислил дека може да го „тренира Новак Ѓоковиќ од дома“ бидејќи не му се допаднало што поради него морал да поминува многу време во Марбела. Наместо да биде со Ноле во Шпанија, тој сакал да биде со семејството.

„Ако сакате да работите добра тренерска работа, според мене, треба да поминувате многу време со играчот, а тоа е тешко кога тој не живее блиску до вас. Со британски играч, тоа би одземало многу помалку време, бидејќи не мора да бидете далеку од вашето семејство за време на слободните недели на тренинг, додека Новак тогаш живееше во Шпанија“, изјави Мареј.

Се вчитува...