Кристијано Роналд од 1. јануари би можел и официјално да биде промовиран во дресот на саудискиот клуб Ал Наср. Пребогатата понуда од 200 милиони евра стои на масата на Португлаецот и со оглед на изјавите во интервјуто за Пирс Морган се поверојатно е дека истата ќе ја прифати.
Видно задоволни од големо засилување кое е „пред вратите“ изјави даваа и фудбалерите на Ал Наср. Еден од нив беше и Узбекистанецот Џалолин Машарипов кој носи дрес со број „седум“, а вели дека со задоволство ќе го отстапи.
„Ал Наср има не многу, туку баш многу пари. Знаеме сите за понудата кон Кристијано. Тој сам ќе одлучи дали ќе дојде или не. Кристијано Роналдо е Кристијано Роналдо. Ќе бидеме пресреќни доколку дојде. Му го давам мојот број „седум“, такви класа на играчи мораат да се почитуваат“, вели узбекистанскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

