Иван Ракитиќ, легендарниот хрватски фудбалер објави крај на професионалната кариера на 37-годишна возраст. Во богатата кариера настапуваше за Базел, Шалке 04, Севилја, Барселона, Ал Шабаб и Хајдук Сплит, одигра вкупно 887 натпревари на клупско ниво и остави длабока трага во фудбалот.
И покрај тоа што одигра најголем број натпревари за Севилја (323) Хрватот најголемиот успех го доживеа со Барселона. Дресот на каталонците го носеше од 2014 до 2020 година освојувајќи по четири трофеи во Ла Лига и Купот на Шпанија, како и два во шпанскиот Суперкуп.
Барселона на социјалните мрежи објави фотографија од Ракитиќ насловена „Ќе му недостасуваш на фудбалот“, а објави и емотивно видео од најдобрите потези за клубот за кој одигра 310 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

