Ниту една домашна екипа изминативе сезони нема лек за Шкендија како што тоа го има прилепска Победа. Можеби изненадувачки за многумина, но прилепчани имаат три победи на последните три меѓусебни дуели со Шкендија.
Минатата сезона на 29. април Победа како домаќин славеше со 2-1 против тетовци, а низ актуелнава сезонава веќе имаат две победи. Триумфираа како гости во Тетово со 0-2 на 26. септември во шампионатот, а победи Победа и со 0-1 во првиот меч од четвртфиналето во Купот на Македонија.
Токму поради тоа Шкендија, која пак сега игра во одлична форма, е решена конечно да ја запре црната серија против прилепчани.
Победа одлучи оваа пресметка против тетовци да ја игра на стадионот „Кукуш“ во Турново, со желба уште еднаш да го изненади шампионот во чии редови, како што е познато, поради повреди недостасува ударното напаѓачко трио Ибраими – Жуниор – Радески.
ДВОЈКИ – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ
Турново: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

