Душан Влаховиќ е еден од најпосакуваните играчи на денешницата. За услугите на српскиот голгетер се заинтресирани голем број на европски велкани кои од денеска добија и „тежок“ противник во клубот со најбогатиот газда на светот, Њукасл.
Имено, Фиорентина добила понуда од 70 милиони евра за услугите на голгетерот, пренесува доброупатениот италијански новинар Танкреди Палмери. Истата ќе биде сериозно разгледана бидејќи астрономската сума може да биде и една од последните која ќе се најде на мастата со оглед на тоа што договорот на Србинот истекува следното лето.
Единствениот проблем е тоа што Влаховиќ не е расположен за борба за опстанок па останува да видиме дали српскиот репрезентативец ќе одолее на парите.
Newcastle and Fiorentina are having contacts re Vlahovic.
Working on a 70m€ bid.
Fiorentina keen to sell, the player not that much about destination
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) January 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА