На Интер му се заканува целосен колапс на играчки план откако по Ашраф Хакими (ПСЖ) и Ромелу Лукаку (ќе се пресели во Челси), сега на излезна врата од „Џузепе Меаца“ се наоѓа и Лаутаро Мартинез. Аргентинецот минатата сезона беше фантастичен во нападот во тандем со Лукаку, се најавуваше дека ќе потпише и нов долгогодишен договор со „нероаѕурите“, но според последните информации тој сега е цврсто решен да се пресели во Англија, каде Тотенхем му нуди одлични услови да го доведе како замена за Хари Кејн
Лаутаро на почетокот од преодниот рок децидно ги одби и Тотенхем и Арсенал како неодоволно амбициозни клубови, избирајќи го Интер пред преселбата во Премиер-лигата. Сепа, ситуацијата се промени откако италијнскиот првак го продаде Лукаку, јасен знак дека оваа екипа ќе нема капцитет да се бори за титулата во Италија. Мартинез поради ова го смени својот став, па начелно ги договори и личните услови со „спарси“.
Тотенхем веќе испрати понуда од 70 милиони евра, но Интер барем засега не сака да го продаде и овој фудбалер. Сепак, се најавува дека Мартинез во наредните денови ќе изврши притисок врз управата да му биде дадено зелено светло за заминување. Доколку тоа се случи, Интер ќе ги реши финансиските проблеми, но и дефинитивно ќе остане без речиси сите клучни играчи од шампионскиот тим.
Како замена се најавува Един Џеко, со кого веќе е постигнат договор за двогодишна соработка, но сега останува да се договори висината на отштетата со Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА