Ќе пукне ли бракот меѓу Јунајтед и Мурињо?

Манчестер јунајтед доживеа понижување на „Олд трафорд“ откако е елиминиран од шпанскиот тим Севилја во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Жозе Мурињо делуваше загубено на теренот, а фудбалерите на Севилја тоа го искористија и славеа со 0-2. Навивачите на „црвените ѓаволи“ не можат да поверуваат во какво очајно издание се претстави нивниот тим и ја бараат главата на Португалецот.

Тој потпиша нов договор, но елиминацијата во осминафиналната фаза дефинитивно е удар за амбициите на Манчестер јунајтед, кој вложува огромни средства во својот тим. Мурињо добива критики и од легендите на клубот.

„Беше мачно да се гледа Манчестер јунајтед, како да недостига желба, нема енергија, не можам тоа ниту да го објаснам. Менаџерот треба да им објасни на фудбалерите дека играат за еден од најголемите клубови во Англија, во спротивно, треба сите да си заминат, заедно со стручниот штаб“, не штедеше зборови Пол Сколс.

Ќе има бура во Јунајтед. Се тресе столчето на Жозе Мурињо, можно ли е да дојде пукне бракот?!

 

 

Се вчитува...