По победата на Големата награда на Белгија, следува трката за Големата награда на Холандија. Тоа ќе биде домашен терен за Макс Ферстапен, кој според шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, нема да може да го почувствува сиот шарм на патеката Зандворт.
На втората трка во реновираниот Зандворт, Макс ќе биде „во балон“, поточно Ред Бул нема да дозволи да биде посветен на други активности освен на веќе планираните.
„Морскиот притисокот да го одржуваме. Ако не го направите тоа, почнувате да грешите. Му приоѓаме на Зандворт со истата дисциплина како што тоа го правевме на секоја трка досега. Нема дополнителни активности за Макс во споредба со веќе вообичаените за тркачки викенд. Секако дека ќе има многу врева околу патеката, но ќе се обидеме да го задржиме во балон, се разбира во тимот и да ги оправдаме очекувањата“, изјави Кристијан Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА