Ќе се одложи ли дербито Челси – Ливерпул?

Премиерлигашката програма вообичаено продолжува и за новогодишните празници, но коронавирусот повторно создава проблеми.

Веќе се одложени дуелите Лестер – Норвич и Саутемптон – Њукасл, а лесно може да се случи утре да не биде одигран ниту дерби – дуелот меѓу Челси и Ливерпул. Причина, новите случаи на коронавирус во таборот на „црвените“.

„Имаме нови тројца фудбалери и уште неколку членови на коронавирус кои се позитивни на Covid-19. Извршени се нови тестирања над сите останати и ги чекаме резултатите. Одлагање? Во моментов тоа не делува како опција, но ако се зголеми бројот во следните 24 часа можеби и тоа ќе се случи“, изјави Јирген Клоп на вчерашната прес-конференција.

Се вчитува...