ФК Вардар и се е можно. Можеби уште се водат по онаа дека со „Скопско“ се најголемиот бренд на престолнината. Клубот и неговата традиција секогаш ќе бидат во срцето на секој искрен љубител на фудбалот во Македонија, но, искрено, ова раководство на најтрофејниот македонски фудбалски колектив е на прагот да го погази и името, и да ја понижи 70-годишната вардарова историја… доколку денеска истрча младински тим на мечот против Силекс.
Како што влегоа во историјата со пласманот во групите од Лигата на Европа, како прв македонски клуб на кој му успеал таков подвиг, така денеска, според најавите за играње со младинци, ќе и се „посерат“ на историјата, со една одлука која е донесена надвор од здравиот разум. Ќе се превртуваат некои „Комити“ во гроб, затоа што Вардар ќе му се „напупи“ на Силекс со младинци! Инаку, Силекс е клубот на најпоздравуваниот претседател на ФФМ (поранешен ФСМ) од „Комитите“, со слоганот „Ѕинго п…р!“
Поради „случајот младинец“ на Шкендија, и тоа против трет клуб (Академија Пандев), Вардар ќе оди против својата историја и оние некогашни „војни“ на Градски против Силекс, и ќе му истрча на кратовскиот тим со младинци?! Кој и да ја смисли оваа генијална идеја, според мене, не е вардарец! Се сеќаваат ли на мечот што имаше голем инцидент, кога Марјан Нацев бегаше низ стакло, а „Комити“ ги бркаа кратовските фудбалери до соблекувална, па потоа и имаа жестоки судири со полицијата?! И тогаш се бореа за идеалите на клубот, и неправди што ги трпеа од некој друг. Или овие нови се, на чело со газдата Сергеј Самсоненко, кој тогаш си бил во Русија, па не знаат…Дали и Мирко Спасески, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски…не паметат?!
Клуб се создава со години, бренд се гради низ историјата, и зацртаниот пат не се напушта. Силекс е ривал на Вардар, а денеска ќе добие подарок…Демек, за инает на Илчо…кој сега за вардарци е п…р, ќе ќари поранешниот п…р Ѕинго и неговиот клуб! Ќе истрча Вардар со младинци за некаков си бојкот?!
Последен пат, се сеќавам многу добро, Вардар отиде со младинци против Милано во Куманово. Тогаш цел тим штрајкуваше за неисплатени долгови и бојкотираше, а само Александар Бајевски со младинците го облече дресот и играше во Куманово, и Вардар беше декласиран резултатски, понижен. Тогаш Бајо беше херој, затоа што го облекол дресот.
Денеска, ако Вардар истрча со младинци, и биде повторно понижен, кои ќе бидат виновниците?! За чии идеали е „подмладувањето?! Сигурно не е за Гоцевите, како што пееја некогаш „Комитите“. Знаат ли овие од управата дека Вардар е историја што е градена и многу пред нивново време?!
Вардар со младинци…А, ќе игра ли Дарко Велковски? Тој ќе биде капитенот? Оти оваа иста управа го прекомандува да тренира со младинците. Ако се приклучи и Хамбарџумјан, и младиот Стојчевски, па и ако го повикаат Ацо Стојков, кој претходно тренираше со младинците, тоа ќе е сепак добар тим, нели?! И, едвај чекам да видиме, кој ќе го води тимот?! Чеде Јаневски ли?! Или пак друг ќе се бламира?! Ќе дојдат ли на стадион, во ложа, Сергеј Самсоненко, Мирко Спасески, Дарко Панчев, Илија Најдоски…?!
Сакајќи да тера инает на Шкендија или на ФФМ, Вардар ќе си ја ’посере’ историјата! Вторпат… после Миравци!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА