Откако е во сопственост на Либерти Медиа од САД, Формула 1 дефинитивно се отвора многу повеќе на американскиот пазар. Не само што Американците ги менуваат правилата за да се обидат да го променат спортот и да го направат позабавен, туку и го доближуваат тркањето до публиката преку серијата на Нетфликс „Возете за да преживеете“.
Сега се планира да се снима и филм за Формула 1, кој ќе го режира човекот кој е создавач на последниот „Топ ган“, Џозеф Косински, а ќе го продуцира Џери Брукхајмер. Сценариото го напиша Ерен Кругер, а приказната ќе го следи возачот ветеран кој му помага на млад возач чие време во Ф1 допрва доаѓа.
Се очекува Формула 1 да се сретне со продуцентите и снимањето да биде точно на патеката, да се користат сцени од трките и да се користат вистински Формула 1 болиди за снимање. Затоа во Остин сите сопственици на Формула 1 тимовите разговараа со Пит и Брукхајмер. Ќе се снима дури и за време на тркачките викенди, бидејќи продуцентите ги гледаат сцените од вистинските трки како клучни за филмот.
„Во светот има само 20 Формула 1 возачи. Тоа е еден од најексклузивните клубови. Ќе биде забавно, уникатен предизвик е да сфатиш како да снимиш филм. Искуството со Том Круз и снимањето на Топ Ган ќе биде корисно“, изјави режисерот Косински.
Последен пат холивудски филм снимал сцени во Формула 1 во 1976 година. Станува збор за филмот „Боби Дирфилд“ во кој глуми Ал Пачино. Еден од продуцентите на овој филм ќе биде Луис Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА