Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за полуфиналниот плеј-оф бараж против Косово кој се игра на 8. октомври во Скопје. Но, можно ли е македонската селекција, сепак, да биде без капитенот откако претходно го загуби Елиф Елмас од Наполи, поради позитивен тест на Ковид-19!?
Пандев, и покрај тоа што има три негативни теста на коронавирусот, согласно италијанските закони е во задолжителна изолација 14 дена која не смее да ја напушти и да допатува во Македонија, поради тоа што во редовите на Џенова има дури 14 фудбалери позитивни на Ковид-19. Според нашите информации, се активираат и дипломатски кругови преку Фудбалската федерација на Македонија сепак Горан Пандев да може да допатува во Македонија за натпреварот со Косово.
Претходно, од Хрватскиот фудбалски сојуз објавија дека за октомвриските репрезентативни натпревари нема да може да сметаат на Милан Бадељ од Џенова кој е во сосема еднаква ситуација како и Пандев. Бадељ е негативен на коронавирусот, но Италија не дозволува негово напуштање на карантинот.
ℹ️ Midfielder Milan Badelj will have to miss out #Croatia October encounters due to COVID-19 isolation restrictions at @GenoaCFC, despite his test being negative.#Vatreni? pic.twitter.com/b3DYdKmV1P
— HNS (@HNS_CFF) October 2, 2020
Од ФФМ и стручниот штаб на репрезентацијата, преку корелација и со УЕФА, веруваат дека Пандев ќе добие дозвола да допатува во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА