ЕКИПА во Амстердам,
Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонската репрезентација посакува со позитивен резултат да го заврши Европското првенство 2020, и покрај тоа што се загубени шансите за пласман во вториот круг од шампионатот, што беше поставена цел и амбиција од македонскиот селектор пред патувањето за Букурешт и за Амстердам.
Но, желбата е да се остави квалитетен впечаток против Холанѓаните, со амбиција и за триумф поради фактот што се очекува домашните да истрчаат со комбиниран состав откако обезбедија веќе место во осминафиналето на ЕВРО 2020.
Македонија го одработи денешниот тренинг во Амстердам без капитенот Горан Пандев, кој паузира поради повреда на зглобот.
Националниот тим на претходните два натпревари прими пет гола од Австрија и од Украина, и тоа благодарение и на голманот Столе Димитриевски, кој одбрани најмалку уште толку 100% можности на противниците. Останува желбата сега да не се дозволат толку погодоци на Холанѓаните во нашата мрежа како реално би останале и шансите за позитивен резултат во понеделник во Амстердам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА