Ќе ве изненади изборот: Олмо го состави идеалниот фудбалер

Дани Олмо, шпанскиот репрезентативец кој од минатата сезона со успех настапува за Барселона доби интересно прашање да го состави идеалниот фудбалер.

Олмо бираше во неколку параметри и главно одбра фудбалери кои настапуваат или настапувале за Барселона со исклучок на Килијан Мбапе.

Идеалниот фудбалер спроед Дани Олмо:

Лева нога: Лионел Меси
Десна нога: Педри
Глава: Роберт Левандовски
Брзина: Килијан Мбапе
Додавање: Чави
Вештини: Нејмар
Лидер: Карлес Пујол

Се вчитува...