Кристијано Роналдо по три години минати во Јувентус го напушти клубот и премина во редовите на Манчестер Јунајтед со што „старата дама“ успеа да се ослободи од големиот финансиски товар кој го носеше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Меѓутоа веќе во првиот меч без него тимот доживеа дебакл и пораз од доскорешниот второлигаш Емполи. По мечот тренерот Алегри изјави дека потребно е време кога се излегува од криза, но и тоа дека на клубот му се неопходни засилувања.
„Неопходни ни се засилувања. Клубот веќе е во преговори со неколку играчи и се надеваме дека во следните три дена ќе успееме да доведеме напаѓач. Ајде да почекаме и да видиме кој ќе дојде“, изјави легендарниот тренер на Јувентус.
Јувентус е блиску до ангажманот на Моисes Кeaн од редовите на Евертон, меѓутоа клубот сака да го доведе и Мауро Икарди. Проблемот е што Аргентинецот не сака да замине од ПСЖ, а интересно е тоа што италијанските медиуми пишуваат дека клубот преговара и со Барселона која го понудила Серхио Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА