Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години го запиша еден од најголемите резултати против врвна европска селекција на еден наш национален тим, славејќи со 2-0 (1-0) против Англија во последниот натпревар од УЕФА елитните квалификации за пласман на ЕП.
За жал и триумф против репрезентација од ранг на Англија не беше доволен да се избориме за место на ЕП, откако претходно загубивме од Летонија и Унгарија и на тој начин освојувајќи го, сепак, последното место во квалификациската група.
Триумфот против „Гордиот Албион“ го најавија нашите момчиња со прекрасни гол на Јани Атанасов уште во 3. минута од средбата…
Конечната победа од 2-0 дојде во 91. минута по извонредната акција почната на Чурлинов, а која ја заокружи со гол Димитар Митровски…
Во вториот натпревар од 3. коло, Летонија ја победи Унгарија со 3-2.
Англичаните на крајот го освоија првото место во групата, по победите против Летонија и Унгарија, и единствени патуваат на Европското првенство на кое ќе ја бранат титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА