Кеан доби дозвола да се врати на фудбалските терени

Фудбалерот на Фиорентина, Мојсие Кеан доби лекарска дозвола да се врати на теренот по паузата поради повреда на главата, соопштија лекарите на клубот од Фиренца.

„Мојсие утрово беше подложен на прегледи по повредата на главата што ја заработи на натпреварот против Верона. Со оглед на резултатите, тој може да продолжи со тренинзите и активностите на професионален фудбалер“, се вели во соопштението на Фиорентина.

Кеан се повреди на 23. февруари за време на натпреварот против Верона во Серија А. Тој во 60. минута од натпреварот во Верона се судри со двајца противнички играчи и се здоби со расекотина над веѓата.

По укажаната помош, клупските лекари му дозволија да го продолжи натпреварот, но Кеан набрзо се онесвести на теренот, поради што беше изнесен на носилки и пренесен во болница.

Се вчитува...