Фудбалерите на Фиорентина имаа одличен старт на сезоната, каде по 11 кола собраа 22 бода и моментално го делат третото место со Аталанта. Тренерот Рафаеле Паладино брилијантно го води овој тим, а вниманието го привлекува неодамнешниот напаѓач на Јувентус, Мојсие Кеан, кој веќе постигна осум гола на 13 натпревари од почетокот на сезоната.
Кен сега е во многу подобра форма од лани, кога беше во дресот на Јувентус. Италијанецот за конкурент во нападот таму го имаше Душан Влаховиќ.
По тој повод поранешниот играч на Фиорентина, Масимо Орландо откри што рекол италијанскиот стручњак.
„Макс Алегри тогаш ми кажа дека Кеан е подобар напаѓач од Влаховиќ“, изјави Орландо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА