Кеан ја казни големата грешка на Аталанта

Аталанта уште повеќе го загуби чекорот со водечкиот Интер откако избраниците на Џампјеро Гасперини загубија со 1-0 на гостувањето против Фиорентина, втор пораз во низа по кој сега имаат шест бода помалку, но и меч повеќе во однос на актуелниот првак.

Пресудна се покажа последната минута од првото полувреме кога гостинскиот дефанзивец Хиен почетнички ја загуби топката, до неа дојде Кеан кој претрча околу 40 метри пред мајсторски да ја смести во мрежата на Аталанта.

Гостите одиграа слаб меч, Гасперини ги повлече од игра индиспонираните Лукман и Ретеги, но ниту тоа не донесе „шок-терапија“ , Фиорентина беше тимот што ги имаше најубавите шанси до крајот на мечот и домаќините заслужено ги освоија бодовите на овој дуел.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...