Кедира не е во плановите на Маурицио Сари

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, сака да направи одредени реформи во составот, а во неговите планови нема место за германскиот интернационалец Сами Кедира, откриваат италијанските медиуми. Тој би требало да си замине од Торино ова лето, но тоа нема да биде така лесно за реализација, затоа што Германецот не сака да се согласи на намалување на годишната плата. За него постои интерес од Фиорентина, но „вилетовите“ не се подготвени да платат толку многу за Кедира.

Играчот за врска минатата сезона одигра само 17 натпревари во дресот на Јувентус, многу често беше повреден и од стандарден првотимец се претвори во ’длабока резерва’ за Масимилијано Алегри. Сега и новиот тренер Маурицио Сари не го планира во составот за следната сезона.

 

Се вчитува...