Мајк Кефи го предводеше МЗТ Скопје до голема победа над составот на ФМП, за што американскиот плејмејкер се закити и со значајно признание – МВП на 20. коло во АБА-лигата.
Американецот блесна во финишто од третата четвртина, кога МЗТ си создаде удобна предност што ја задржа до самиот крај. Зад неговото име останаа запишани 26 поени, 6 асистенции, три скока и три украдени топки, за вкупно 34 индексни поени за 32 минути на теренот.
Кефи имаше помалку индексни поени од Лука Божиќ од Задар (35), а ист број како и Доминик Мавра од Сплит. Сепак, бидејќи Божиќ и Мавра ги загубија своите натпревари, асот на МЗТ Скопје се закити со МВП-признанието за оваа рунда.
Македонскиот првак со значајниот триумф над ФМП ја продолжи трката за опстанок, а за остварување на големата желба неопходно ќе биде Кефи да продолжи со слични изданија како она од минатиот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

