Кејхил: Диего Коста многу ќе му недостига на Челси

Челси ќе ја брани титулата во Премиер-лигата во новата сезона што официјално стартува в петок, но капитенот Гери Кејхил стравува дека предизвикот ќе биде уште потежок поради отсуството на Диего Коста од таборот на „сините“. Шпанскиот голгетер беше најдобар стрелец на Челси во трите сезони по трансферот од Атлетико, но по конфликтот со Антонио Конте веќе му е ставено до знаење дека нема да биде дел од екипата за новата сезона. Тој сака да се врати во Атлетико Мадрид, но шпанскиот клуб има забрана за трансфери летово, па сега се бара опција каде би заминал Коста на позајмица до крајот на годинава, пред да се пресели на „Висенте Калдерон“.

За мене нема никакви дилеми дека Диего Коста многу ќе ни недостига во следната сезона. Тој е одличен играч, постигнуваше многу голови, но исто така и беше важен лик во соблекувалната, со својот карактер. Знам дека го доведовме Мората, кој исто така е врвен голгетер, но секогаш кога големи играчи си заминуваат од тимот зад себе оставаат дупка што наследниците тешко можат да ја пополнат“ – истакна Кејхил.

Челси во првото коло од новата премиерлигашка сезона в сабота ќе го пречека тимот на Барнли.

Се вчитува...