Фудбалерите на Баерн Минхен и на Арсенал утре се среќаваат на „Алијанц Арената“ во Минхен во битка за палсман во полуфиналето. После првиот меч во Лондон кој заврши 2-2, на Баерн му се дава мала предност поради домашниот терен.
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн пред овој натпревар кажа дека Баерн Минхен мора да го освои пехарот во Лигата на шампионите за да ја спаси сезоната.
„Нормално, од клупска гледна точка тоа би била пропадната сезона, ако оваа година не освоиме ништо. Од нас се очекува да освојуваме трофеи, а се што можеме да направиме е следнат сезона да ја свртиме во наша корист“, рече Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА