Кејн асистира, Сон погодува – Тотенхем го прескокна Манчестер Јунајтед на табелата

Тотенхем славеше со 3-1 на градското дерби со Вест хем, стигнувајќи до три значајни бодови во трката за четвртото место на табелата кое води во Лигата на Шампионите следната сезона. Сон беше човекот на одлука за „спарси“, постигнувајќи два погодоци на две асистенции на Хари Кејн за огромна радост на Антонио Конте и на фановите на лондонскиот клуб.

Мечот почна катастрофално за Вест Хем, откако Зума на самиот старт ја затресе сопствената мрежа. Тотенхем поведе и со 2-0 откако Сон биеше прецизно, но „чеканите“ ја преполовија негативата преку Бенрахма. И двата тима имаа свои шанси за гол во второто полувреме, пред Сон повторно да блесне во 89. минута, истрчувајќи зад гостинската одбрана по спуштената топка со глава на Кејн и матирајќи го Ареола.

Тотенхем со овој триумф скокна на петтото место со 51 бод, еден повеќе од Манчестер Јунајтед. Сепак, „спарси“ ги очекува тешка задача да го стигнат Арсенал, кој има три бода повеќе, но и натпревар помалку во однос на Тотенхем и на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...